Утре ќе се задржи сончево и топло времето, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Позначителен пад на температура ќе има од среда, информираат од УХРМ.