На 56-годишна возраст по долго боледување почина Жаклина Михајлова – психолог во СОУ „Јане Сандански“ во Струмица, вработена уште во 1991 година како професор во оваа училиште.
Вработените во струмичката гимназија од синоќа на социјалните мрежи се простуваат од својата колешка која прерано го загуби својот живот.
„Суровоста на природата и животот го отуѓува човекот од општеството. Ти знаеше подобро дека Човекот во психологијата ја има предодредбата кон исполнување на долгот кон природата – смртта. А, тој природен процес кон кој тежнее животот, да нормираше, бар, „некаков ред“?!? Почитувана колешке, Ти прерано заминуваш! Имај телесен покој и душевен мир“ – напишаа колегите.
Посмртните останки на Жаклина Михајлова ќе бидат погребани денеска (сабота) во 13:00 часот на гробиштата во селото Босилово.
Од СОУ „Јане Сандански“ најавија за во понеделник Комеморативна седница по повод смртта на Жаклина Михајлова, која ќе се одржи во училиштето.