Вчера околу 15:00 часот на магистрален пат Струмица – Ново Село, во близина на село Ново Коњарево, А.Б.(42) од село Сушица, струмичко, управувајќи патничко возило „Хонда“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Струмица, иформираат од полицијата. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.