Од Општина Босилово ги информираат граѓаните дека водата од водоснабдителниот систем „Иловица“ е исправна за пиење, бидејќи последните неколку испитувања на количините на манган и други микробиолошки анализи покажуваат задоволителни резултати. Ова значи дека водата одговара на вредностите и стандардите за квалитет во согласност со правилникот за вода за пиење.
Забрана за користење на водата имаше во населените места Босилово, Робово, Радово и Секирник.