Во јануари идната година во Струмица ќе се одржи квалификациониот турнир во одбојка за европско првенство на играчи до 18 години на кој ќе учествуваат репрезентациите на Турција, Србија, Грција, Бугарија, Косово и Македонија.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на социјалните мрежи информираше дека денеска со генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Зоран Карановиќ со неговите соработници и претставници на струмичкиот клуб „Наковски Волеј“, разговарале за подготовките, поддршката и очекувањата.
„Струмица е почестена со изборот за град домаќин на турнирот и даваме максимална поддршка овој настан да помине во најдобар ред и со одлични резултати“, напиша Костадинов.