Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го информира граѓаните од општините во струмичкиот регион, Струмица, Василево, Босилово и Ново Село дека на 15-ти август (четврток), во периодот од 20:00 до полноќ ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни комарци.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.