Во центарот на Струмица, до плоштадот покрај зградата до „КабелНет“ е отворена нова продавница за здрава храна – „Јади здраво“.
„Јади здраво“ е бренд кој тивко се гради 3 години, и има за цел да го разбие мислењето на луѓето дека здрава храна е само брокула и морков. Со внимателно избрани квалитетни состојки, создаваме производи на поинаков начин од традиционалниот.
„Како наш заштитен знак би ги издвоиле сировите слатки и торти без шеќери и без млечни производи, погодни за дијабетичари, но и за оние кои постат затоа што десертите се без производи од животинско потекло“, вели Камелија од продавницата „Јади здраво“.
Освен десерти, за почеток во продавницата ќе се нудат и солени пити, ладни сендвичи, печени омлети, но и посни чиа пудинзи. Путери од 100% јатки без додатоци, и гранола која тие ја произведуваат. Со секој залак можете да се освежите и со безалкохолни пијалоци без шеќер.
Производите можете да ги вкусете на лице место во самата продавница, но можете да си нарачате и преку телелефонскиот број: 071 248 666 или пишете им на Facebook или Instagram и ќе ви бидат доставени до дома или на вашето работно место.