Традиционално, како и секоја година на Денот на ослободувањето на Струмица, во Центарот за култура „Антон Панов“ за прв пат беа поставени делата изработени на годинашната 62-ра Меѓународна Струмичка ликовна колонија која се одржа од 5 до 15 aвгуст.
Посетителите можеа да ги погледнат најновите 36 дела создадени од 16 уметници од Црна Гора, Бугарија, Србија, Монголија и Македонија. Во рамките на колонијата по 37 пат работеше и Студиото за современ мозаик основано од познатиот македонски мозаичар академик Газанфер Бајрам.
Делата од годинашата Струмичка ликовна колонија можат да се видат во наредните две седмици во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.