Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даун синдом „Вера“ од Струмица, во партнерство со Општина Струмица, утре (вторник, 27 јуни) во 10:00 часот ќе отворат Клуб за деца и младинци со Даун синдром и нивните семејства.
Клубот ќе функционира во повеќенаменскиот социјален центар, во поранешната касарна, каде децата со помош на стручни лица ќе имаат воннаставни активности, додека семејствата поддршка како нивните деца да се социјализираат и живеат самостојно. Со децата ќе се работи по четири часа од понеделник до петок, а овој пилот-проект планирано е да трае една година.
Клубoт се отвора во рамките на функционирањето на повеќенаменскиот социјален центар во Струмица, а согласно со програмата V2 – социјална заштита за 2023 година на Општина Струмица.