четврток, 31 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во Струмица се славеше музиката од exYU републиките – концерт на „YU FOR YOU“

среда, 30 ноември, 2022 | 10:37
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Магазин, Струмица

Песните од некогашните ЈУ простори живеат и кај нас во Македонија. Безвременските хитови на „Индекси“, „Бело Дугме“, „Парни Валјак“, „Галија“, „Леб и Сол“ се пееја синоќа во преполнетата сала во Центарот за култура на вториот концерт на „YU FOR YOU“.

Иван Кукиќ, Зоран Трендов, Иван Георгиев и Јан Стефановски се младите момчиња од кој е составен овој музички бенд, а функционираат веќе три години. Млади кои не ни живееле во поранешната заедничка држава Југославија, но ја негуваат, пејат и свират токму таа музика од тоа време и се се уште хитови кои ги слушат и новите генерации.

На „четворката“ придружни вокали им беа нивните другари Слободанка Иванов, Ване Панов, Стојан Иванов и Тодор Стефанов, но и публиката од различни генерации која ја знаеше секоја песна и пееше со актерите на сцената.

„YU FOR YOU“ за својот концерт имаа и специјални гости – музичари од Белград, Игор Винс на перкусии и Стефан Илиќ на виолина, а на сцената се појави и познатиот струмички гајдист Јане Крстев, кој ја засвири, а ја пееја сите „Липе цвату, све ја исто ко и лани“ од „Бело Дугме“.

Вистинско изненадување за сите беше појавувањето на сцената на виртуозот на гитара, легендарниот Влатко Стефановски, кој заедно со „YU FOR YOU“ ја засвиреа и пееја познатата македонска „Учи ме мајко карај ме“, а на сцената се појавија и семејството Кукиќ кои крајот на концертот го заокружија со фамилијарна поддршка во пеењето со младиот Иван Кукиќ.

Премиерно на концертот Иван Кукиќ ја промовираше и својата прва песна, откако склучи договор со познатата хрватска продуцентска куќа „Croatia Records“, а насловена „Балада за една љубов“. Веќе денеска ќе се најде на YouTube каналот на „Croatia Records“. Музиката ја напиша Иван, текстот е на Стефан Илиќ, а аранжманот е заеднички.

Двочасовниот концерт „Ден на Републиката“ беше вистинска музичка убавина, потсетување на добрата музика од златниот период на југословенското музичко творештво, која се слушаше некогаш, но и се уште се слуша и живее во музичките настапи на многу млади музичари.

На синоќешниот концерт меѓу публиката беа и струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кои ги потпевнуваа безвременските хитови на „Индекси“, „Бело Дугме“, „Парни Валјак“, „Галија“, „Леб и Сол“…

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Фејсбук статус на Никола Маџунков: 17 седница на Советот е скандалозна сама по себе и за тоа граѓаните мора да бидат запознаени

Next Post

74-годишен маж управувајќи велосипед паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди

Related Posts

Ликовното богатство од Струмица пренесено во Гевгелија со изложбата на дела од 61-та Струмичка ликовна колонија
Вести

Ликовното богатство од Струмица пренесено во Гевгелија со изложбата на дела од 61-та Струмичка ликовна колонија

среда, 30 јули, 2025 | 15:42
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Струмичкото јавно обвинителство отвори истрага за струмичанец кој се обидел да подметне пожар на викендица

вторник, 29 јули, 2025 | 18:08
Четврток ќе биде пазарен ден во Струмица
Вести

Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица

вторник, 29 јули, 2025 | 09:49
Приведен крадец во Струмица
Вести

СВР Струмица реагира на објави на социјалните мрежи од страна на политичка партија

понеделник, 28 јули, 2025 | 12:39
СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?
Вести

СДСМ Струмица за реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ: Со нивното соопштение, само потврдија дека правдата е селективна

понеделник, 28 јули, 2025 | 12:04
Поради сообраќајка патниот правец Струмица – Радовиш се одвива наизменично
Вести

Патниот правец Струмица – ГП „Ново Село“ е затворен за сообраќај на товарни возила, другите возила се пренасочува

понеделник, 28 јули, 2025 | 10:43

ТОП ВЕСТИ

Вклучен е авион за гасење на пожарот во непосредна близина на градот Струмица
Александар Гудев: Зафатена е поголема површина со оган, изгореа две викендици побарана е помош од Валандово
ВИДЕО: Стојанче Ангелов за пожарот кај градските гробишта во Струмица: Нема потреба од паника

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица
Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist