Од вчера до 21 јуни во хотелот „Сириус“ се одржува Државното првенство во шах за младинци. И оваа година, Шаховскиот клуб „Цареви Кули“ од Струмица како докажан и брзо растечки шаховски клуб е биде домаќин и ко-организатор заедно со Шаховска Федерација на Македонија.
„Струмица и Цареви Кули сме горди на нашиот тим на млади, кои ќе учествуваат и оваа година и ќе се борат рамо со рамо со Алкалоид, Гамбит и многу други, и се надеваме дека пак ќе успеат да заземат место на пиедесталот. Огромна благодарност до сите кои помагаат да го одржуваме и развиваме шахот во Македонија“ – велат од струмичкиот шаховски клуб.