Денеска во Младинскиот центар во Струмица се одржа едукативна работилница на тема „Предност на доењето – создаваме одржливи системи за поддршка“, во организација на Школото за трудници и доење „Бебелогија“, со поддршка на „Роса Вода“.
Настанот беше посветен на важноста на доењето, развојот на лактацијата и предизвиците со кои се соочуваат младите мајки во првите денови по породувањето. Присутните имаа можност да добијат практични совети за правилно доење и грижа за новороденчето.
Работилницата ја водеше Јасна Апостолски Николов, дипломирана медицинска сестра, IBCLC – меѓународно сертифициран консултант за доење и сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници.
Во интерактивниот дел од настанот, мајките активно се вклучија со свои прашања, споделувајќи лични искуства и предизвици со кои се соочувале по породувањето, барајќи совети за најдобар начин на воспоставување и одржување на доењето.



































