Денеска во Струмица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.В. од Струмица. Тој се сомничи дека на 19.09.2023 година со употреба на сила влегол во казино во Босилово, струмичко и одзел пари. По преземени мерки било дојдено до сознание дека тој е сторителот на делото, по што денеска бил извршен преглед кај него и на неговото работно место во Струмица. Притоа, во неговиот ормар била пронајдена торба со парите, кои ќе бидат вратени на сопственикот. Од него биле одземени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело, информираат од СВР Струмица.
Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.