Во изминатите 24 часа најмногу дожд имало во Струмица каде биле измерени 50 l/m2, информираат од УХРМ. 34 l/m2 има во Пожар, 25 Гевгелија, 21 Демир Капија, 20 Битола, Штип, 19 Крива Паланка, Попова Шапка, 18 Берово, 16 Претор, Пожаране, 15 Виница, Крушево, 14 Маврови Анови, Тетово, 13 Лазарополе, 10 Тополчани, 6 Скопје-Петровец, Кавадарци, Прилеп, 4 Велес и Куманово.
Денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.




























