Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Струмица 34 литри на метар кавдратен, во Крива Паланка 29, Берово, Охрид и Виница по 20, Тетово 18, а осум литри во Скопје, соопшти УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.