И годинава на Леблебиџиската улица во Струмица група креативци ќе го организираат 4-то издание на PopUp Базар на кој голем број локални креативци ќе ги презентираат и продаваат своите производи изработени лично од нив.
PopUp базарот ќе се одржи во петок и сабота (13 и 14 јуни), ќе започнува во 18:00 часот и се планира да трае некаде до 22:00 часот.
Во овие два дена, додека ги разгледувате рачните изработки на креативците ќе има и забава со музика. Во петок ќе настапат Александар Стоилов (18:00 часот) и DJ Milli (20:00 часот), во сабота Анастасија & Никола (18:00 часот) и Таshe (vinyl set) – (20:00 часот).
Инфо: 📞 071 307 779
#SupportYourLocalArtist
#odprijatelizaprijateli #локалнакреативност