Словенечката романтична комедија „Нешто слатко“ (Nekaj Sladkega) во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот, Тин Водопивец од Словенија и со македонските актери Јелена Јованова и Сашко Коцев во главните улоги, ќе ја има својата премиера и во Струмица во понеделник, 12 јуни од 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“. Филмот премиерно беше прикажан во Словенија, поточно во Љубљана во февруари кога предизвика голем интерес.