сабота, 6 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во Струмица започна да се гради затворен базен

вторник, 29 август, 2023 | 17:01
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Во Струмица започна да се гради затворен базен
Во Струмица започна да се гради затворен базен
Во Струмица започна да се гради затворен базен
Во Струмица започна да се гради затворен базен
Во Струмица започна да се гради затворен базен
Во Струмица започна да се гради затворен базен

Денеска започна изградбата на затворени базен во Струмица во спортско-рекреативниот дел на градот, кај памп патеката односно во непосредна близина на некогашното АТШ Берово.

Градоначалникот Костадин Костадинов и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска беа на увид на почетните градежни активности. Според градоначалникот Костадинов, овој проект е баран од граѓаните и Струмица заслужува и треба да има затворен базен.

„Овој затворен базен, прво значи нова содржина за сите категории на граѓани и за најмладите и за повозрасните. Второ, значи заокружување на сериозен комплекс, овде ни остануваат уште двете одбојкарски игралишта, едното бетонирано, другото на песок, со што заокружуваме еден отворен блок со можност за секакви спортски содржини во градот. Но, значи раздвижување и поместување на паркот, затоа што граѓаните природно кога движат низ најголемата зелена површина – градскиот парк, има многу убава конекција со пам патеката, со затворениот базен и новите одбојкарски игралишта коишто ќе се реализираат, а нормално значи и разубавување на комплексот Нова Струмица којшто ни е еден од најголемите генератори на приходи на општината“ – кажа градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот Костадинов потенцираше дека од Советот на општина Струмица има „зелено светло“ за максимално зголемување на зелените површини, тоа значи од постоечките 40 хектари, нови 85 хектари зелени површини во урбан опфат на Струмица.

„Тоа е и пораката до граѓаните на општина Струмица дека сме подготвени да се откажеме од можните идни приходи во интерес на здравата животна средина. Затворениот базен значи и заокружување на изборната програма со фундаменталното ветување, а тоа е трансформација на Струмица во спортски град“ – додаде Костадинов.

Според директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, изградбата чини околу 50 милиони денари, или 810.000 евра, а базенот со должина од 25 и широчина од 12 метри се очекува да биде изграден во наредните 24 месеци.

„По отварањето на повеќе спортски објекти во овој дел на Струмица, со изградбата на базенот, така да речам, ставаме шлаг на тортата, од кој најмногу корист ќе имаат децата и учениците и сите останати кои сакаат да спортуваат и пливаат. Голема благодарност до Општина Струмица која подготви брзи решенија за градбата и се надевам дека овој ќе биде еден од најбрзо направените базени“ – кажа Мојсовски.

ShareTweetShare
Previous Post

СВР Струмица вчера казни 178 возачи, се движеле со поголема брзина

Next Post

Струмичани уживаа во италијанската песна под големиот јавор

Related Posts

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Вести

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

четврток, 4 септември, 2025 | 14:41
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Вести

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

четврток, 4 септември, 2025 | 09:09
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица

среда, 3 септември, 2025 | 21:48
Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион
Босилово

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион

среда, 3 септември, 2025 | 15:52
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

среда, 3 септември, 2025 | 15:31

ТОП ВЕСТИ

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist