По повод светскиот Ден на театарот – струмичкиот театар на 27 март (среда), од 20:00 часот ќе ја изведе комедијата „Петок 13-ти“ од Жан-Пјер Мартинез, во режија на Никола Ристов. Влезот е слободен, а бесплатната влезница треба претходно да биде подигната од билетарницата во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица.