Синоќа околу 19:45 часот на раскрсницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство Единство“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.М.(20) од село Сачево, струмичко, и мотоцикал управуван од М.Д.(18) од село Седларци, струмичко, информираат од струмичката полиција.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Струмица. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.