Вчера во 11:15 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш, патничко возило „Пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(54) од Струмица, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.Т.(40) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, констатирани во болницата во Штип. Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.