Три лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила вчера во 13:00 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, кај селото Костурино.
Според информациите од СВР Струмица, во незгодата учествувале товарно возило „Волво“ со полуприколка со гевгелиски регистарски таблички, управувано од М.Т. (56) од Богданци, и работна машина за сечење дрва, управувана од Ќ.Е. (36) од Струмица.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на машината и неговиот сопатник М.Е. (31) од Струмица, додека малолетен сопатник претрпел телесни повреди. Повредите се констатирани во болницата во Струмица.
За сообраќајката бил известен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.