Вчера попладнето околу 17:30 часот во селото Штука, општина Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник, и мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од М.К.(61), двајцата од селото Штука.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.К., а со повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Струмица. Извршен бил увид од полициски службеници на СВР Струмица.