Во организација на Здружението Проагро Фармери во сабота, 4-ти октомври со почеток од 09:00 часот, на плоштадот „Гоце Делчев“ во струмица по петти пат ќе се одржи „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“ – најголемиот фестивал на храна, мед и пијалоци.
Посетителите ќе можат да присуствуваат на:
– Дегустација на домашно подготвени јадења
– Дегустација на најдобрите вина и ракии од Македонија
– Избор на највкусно домашно подготвено јадење
– Избор на највкусен мед од Балканот
– Стручни предавања
– Богата културно уметничка програма
Да ги поддржиме домашните производители – Купувајте македонско, бидејќи тоа е најдобро.
Саемот е финансиски поддржан од Општина Струмица и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.