И годинава на Бадник, во сабота 6 јануари од 11:00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, во организација на Фондацијата „Елеуса“ ќе се одржи Хуманитарен Бадникарски концерт со кој ќе се најави раѓањето на Богомладенецот.
Претходно од 10:00 часот ќе почне поворката – Бадникова литија од Црквата „Св. Кирил и Методиј“ кон зградата на Општина Струмица каде повеќе од 100 деца ќе бидат пречекани од градоначалникот Костадин Костадинов и Викарниот Епископ г.Јаков Стобиски, а ќе им подарат божиќни пакетчиња на сите учесници во поворката. Од таму ќе се упатат кон градскиот плоштад каде во 11:00 часот ќе започне Хуманитарниот Бадникарски концерт.
Овој настан Фондацијата „Елеуса“ го организира во соработка со Струмичката Епархија и Школата за веронаука при Црквата „Св. Кирил и Методиј“, а е под покровителство на Општина Струмица.