Одбојкарите на ОК „Струмица“ утре ги продолжуваат натпреварите во евро-куповите, откако испаднаа од Лигата на шампиони по поразот од грчки „Олимпијакос“. Утре во 19:00 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица во рамките на Купот на ЦЕВ струмичани ќе бидат домаќини на унгарскиот „Фино Капошвар“, екипа со која „Струмица“ играше и минатата година.
Влезот за утрешниот натпревар ќе биде слободен, но секој посетител доброволно ќе може да направи донација за помош на ОК „Струмица“.
Инаку ОК „Струмица“ пред настапот во своите редови ги донесе браќата Никола и Ѓорги Ѓоргиеви и Александар Љафтов. Летово пак во таборот на Струмица се приклучија и репрезентативците Дарко Ангеловски, Филип Маџунков и Филип Лепидовски.