вторник, 4 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Босилово

Во Радово отворен нов предучилиштен Едукативен центар – амбасадорката на САД, Агелер ги посети децата во центарот

среда, 4 октомври, 2023 | 16:54
in Босилово, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Членовите на локалната заедница, компании од приватниот сектор, локални граѓански организации и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) преку Програмата за развој на заедницата ги здружија своите сили во поставување и опремување на нов предучилиштен Едукативен центар „Огражденски пеперутки“, кој се наоѓа во селото Радово, општина Босилово. Едукативниот центар има капацитет за околу 20 деца со можности за негово проширување во иднина.

Денеска во Радово, амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер и ВД директорот на Канцеларијата на УСАИД за економски развој, Кристофер Доџ ги посетија децата во Едукативниот центар и разговараа со градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев и жителите за предизвиците со кои тие се соочуваат и како истите може да се надминат.

Амбасадорката Агелер ја истакна важноста на соработката помеѓу локалните актери за решавање на локалните приоритети и стимулирање на економскиот развој во руралните средини.

За градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев Едукативниот центар во Радово претставува одлична можност за едукација и социјализација на децата од предучилишна возраст и е прв таков центар во руралните општини во Македонија, со надеж дека во иднина заеднички во соработка со УСАИД и Амбасадата на САД ќе се реализираат уште многу други проекти во општината Босилово.

Дваесеттина деца од регионот се запишаа во Едукативниот центар каде секојдневно имаат пристап до предучилишно образование, дружење и игра со своите врсници што влијае на зголемување на квалитетот и опфатот на образованието во руралните заедници. Со тоа, мајките на овие деца сега можат поактивно да пристапат кон пазарот на трудот и да се вклучат во локалната работна сила. Се очекува овој предучилиштен едукативен центар да има позитивно влијание врз намалување на миграцијата поради тоа што семејствата ќе можат да ги најдат потребните образовни и згрижувачки услуги во својата заедница, наместо истите да ги бараат во поголемите, урбани центри.

Центарот „Огражденски пеперутки“ е поддржан од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија во соработка со ЛАГ Беласица-Огражден, која ја опфаќа територијата на општините Босилово, Василево, Ново Село и Струмица, како и останатите четири Локални акциски групи од регионот.

 

ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица се одржа работилница „Соработката на локалната самоуправа со Народниот правобранител и придобивките од децентрализација за граѓаните“

Next Post

Општина Струмица направи ново мултифункционално спортско игралиште

Related Posts

Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“
Вести

Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“

вторник, 4 ноември, 2025 | 10:06
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Вести

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај

понеделник, 3 ноември, 2025 | 21:19
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Вести

Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

понеделник, 3 ноември, 2025 | 09:18
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Вести

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

недела, 2 ноември, 2025 | 19:46
Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо
Вести

Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед

недела, 2 ноември, 2025 | 13:19
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево
Василево

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

недела, 2 ноември, 2025 | 11:52

ТОП ВЕСТИ

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist