Од АМСМ информираат дека од 13:00 часот целосно е во прекин локалниот патен правец Струмица – село Просениково, поради случена сообраќајна незгода.
Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова потврди дека се случила сообраќајна незгода на овој патен правец помеѓу патничко моторно возило и камионче ладилник за сладолед. Според првичните информации едно лице се здобило со телесни повреди, а уште двајца се на лекарски преглед во струмичката болница. Сообраќајот помеѓу Струмица и Просениково се одвива наизменично, ни кажа Трајанова, најавувајќи повеќе информации за подоцна, бидејќи увидот од страна на полициски службеници сé уште е во тек.
ДОПОЛНИТЕЛНО во 15:56 часот
Сообраќајот на локалниот пат Струмица – Просениково од 15:45 часот е нормализиран, информираат од Автомотосојузот на Македонија.