Од Авто Мото сојузот на Македонија информираат дека од 18:30 часот во прекин е патниот правец Струмица – Ново Село поради сообраќајна незгода. Сообраќајот е во прекин во двата правци.
Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова ја потврди информација за случена сообраќајна незгода пред Ново Село, помеѓу две патнички возила, за среќа нема повредени, направена е само материјална штета, а екипа на СВР Струмица врши увид на самото место.
ДОПОЛНИТЕЛНО: Од 20:23 часот на патниот правец Струмица – Ново Село, пред Ново Село, сообраќајот е нормализиран.