Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради работа на водоводната мрежа во моментот во прекин е водоснабдувањето на улицата „Ѓорги Василев“, од куќен број 40 до број 60, како и улицата „Боро Поцков“. Се очекува нормализирање на водоснабдувањето до 13.00 часот, денеска (понеделник, 4 ноември).
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								