Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на водоводната мрежа во моментот прекинато е водоснабдувањето на улиците: „Бел камен“, „Плачковица“, „Бетовенова“, „Славчо Стојменски“, „Бошко Буха“ и „Братство“ во горниот дел на градот Струмица. Екипи на комуналното претпријатие се на терен и работат на отстранување на дефектот. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува околу 13:00 часот.