Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради санација на пукната водоводна цевка, во моментот во прекин е водоснабдувањето на улицата „24-ти Октомври“ во Струмица. Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува денеска до 15:00 часот.