Од Општина Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевковод на системот за водоснабдување помеѓу населените места Радово и Босилово, корисниците од Филтер станицата „Иловица“ во наредните неколку часа ќе бидат без вода.
Од општината ги предупредуваат жителите – корисници на водата од Филтер станицата, по отстранувањето на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето, ВОДАТА ДА НЕ СЕ КОРИСТИ ЗА ПИЕЊЕ во наредните 24 часа.