Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица најавуваат дека во понеделник (20 февруари) од 09:00 до 13:00 часот ќе има прекин на електричната енергија на улицата „Атанас Караманов“ и на дел од улицата „Каца Поцкова“ во градот Струмица.
Прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.