Еколошките друштва „Здрава котлина“ и „Еко долина“ организираат настан: Еко повик – „Потпиши се против рудникот на смртта“ за, како што велат во соопштението, „заедно да ја продолжиме макотрпната борба за одземање и решавање на проблемот со концесиите за рудникот Иловица-Штука“.
„Она што треба да следи е целосно раскинување на договорите за двете концесии согласно законот за минерални суровини“, стои во повикот на еко активистите.
Настанот во понеделник, 14 август ќе биде од 20:00 до 21:30 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, а покрај тоа што граѓаните ќе можат да се потпишат во „отворената книга“ против отворањето на рудникот, ќе можат да уживаат во настапот во живо на бендот „Стихири“, да слушнат пригодни текстови и да погледнат документарен филм во кој се објаснети штетите од отворањето на рудникот. Планирани се и неколку обраќања од еко активисти кои се дел од овој долгогодишен процес против корпорациите кои сакаат да ја уништат природната и здрава животна средина во струмичкиот регион.
Понеделник, 14 август | 20:00 – 21:30 часот | Плоштад Струмица