понеделник, 30 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во огромен казан на струмичкиот плоштад се свари 2500 килограми бел грав

понеделник, 3 март, 2025 | 17:39
in Вести, Струмица
Во огромен казан на струмичкиот плоштад се свари 2500 килограми бел грав

Даскаловски и Костадинов „го бркат“ во казанот белиот фасуљ

Неколку готвачи од Струмица и Скопје за денеска напладне подготвија 2500 килограми бел грав, односно 3000 порции, по струмички бел фасуљ, како дел од традиционалното одбележување на Чист понеделник во рамките на програмата на годинашното издание на Струмичкиот карневал.

Годинава гравот се готвеше на отворено во огромниот казан, а беше поделен на плоштадот „Гоце Делчев“ во убаво спакувани порции, со кои секој граѓанин можеше да се послужи и да си понесе за дома или за на работа.

Белиот грав го благослови отец Стоил Димитриев од Струмичката Православна Епархија во присуство на голем број граѓани, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, членови на Советот на општината, карневалскиот одбор. Градоначалникот Костадинов не го вкуси гравот, но со претседателот на Советот, Марјан Даскаловски „го забркаа“ малку во големиот казан.

Даскаловски и го проба, вели дека бил премногу вкусен, готвачите одлично си ја завршиле работата. Посака уште една порција, ама не му се чекаше повторно во редот од многуте граѓани кои чекаа за да го пробат струмичкиот фасуљ.

Во подготовката на гравчето се вклучија неколку готвачи од Струмица и Скопје, Димитар Младенов, Мите Петров, Никола Мишковски, Кирил Иванов, Игор Каспер Атанасов, Горан Филипов, Жика Делевски, Зоран Андонов, Миле Неделковски, Благоја Велковски.

Овој настан беше во организација на Здружението за афирмација на млади угостители „Ескофиер“, а во соработка со Општина Струмица, ЈПКД „Комуналец“ Струмица, СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица, рестораните „Ројал Парк“, „Летница Ланч“, „Концепт“, „Еснаф“, „Стара Куќа“, „Кепаса Ланч Бар“, „Батлерс“, „Бонџорно“, „Дукат“, „Бонита“, „Мамас“, АД ИГМ „Еленица“, „Кај Баче“, Цвеќара „Весна“, „Гама Десинг“, „Маби Трејд“ „Дентина“, „Универзал градба“, „Ми-Сто“, „Алутек-Хартек“, „Барик ХМ“, „Грозд“ Струмица, „Форвард Китто“, Печатница „Дело“, „Јанев Компани“.

Денеска, утре и среда, се деновите познати како Тримери, кога верниците подготвуваат само посна храна. Всушност, од денеска започнува Велигденскиот пост.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Кривична пријава за директорка на основно училиште во Ново Село – самата се назначувала за ментор на приправници за што добивала 10% од нејзината плата

Next Post

Цицимов: Изненадени сме од јавното обвинување за партизација и уназадување на Струмичкиот карневал

Related Posts

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23
Гореше голема површина со сува трева, папрат и дрвја над селото Габрово
Вести

Викендот струмичките пожарникарии интервенирале на седум локации – најмногу кај запалени депонии

понеделник, 30 јуни, 2025 | 11:19
Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран кај Струмица
Вести

Утрово почуствуван земјотрес во струмичко со јачина од 3.5 степени

недела, 29 јуни, 2025 | 06:27
165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев
Босилово

165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев

петок, 27 јуни, 2025 | 17:21
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Вести

Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите

петок, 27 јуни, 2025 | 14:39
Се е подготвено за настанот „Мистериите на Беласица“ – се одржува овој викенд, а годинава е по 10-ти пат
Вести

Се е подготвено за настанот „Мистериите на Беласица“ – се одржува овој викенд, а годинава е по 10-ти пат

четврток, 26 јуни, 2025 | 10:17

ТОП ВЕСТИ

Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Копачките на познатиот фудбалер Роберто Баџо, тркачкиот велосипед „Пинарело“ на показ пред струмичани во Градската галерија
Струмичанецот Југослав Тренчовски се сели во Словенија – ќе биде прв тренер на прволигашот ФК „Радомље“

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist