Утре, недела (7 декември), со почеток во 19:00 часот, во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одржи свечена академија по повод трите значајни јубилеи на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле:
- 160 години од основањето на училиштето,
- 80 години образование на македонски јазик,
- 65 години осмолетка.
Во чест на големиот јубилеј „160 години од формирањето на првото училиште (1865–2025)“, реферат ќе поднесе познатиот фолклорист, патеписец и истражувач Иван Котев, а пригодно слово за светите браќа Кирил и Методиј и за училиштето што го носи нивното име ќе упати Сузана Мицева.
Културно-уметничката програма ќе ја збогатат учениците од училиштето со свои лични литературни творби, изложба на цртежи со мотиви од училиштето и Дабиле, како и музички настапи на ученици и училишниот хор.
Во уметничкиот дел ќе бидат вклучени и поетски мигови со истакнатиот поет Георги Барбаровски, како и музички настапи од реномираните уметници:
- Васил Атанасов В’чев – обоа,
- Катерина Гелебешева Костадиновска – пијано,
- Влатко Митев – фолклорен тапан.
Настанот е под покровителство на градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков.





























