Во недела на 8 декември со почеток во 18:00 часот во салата на парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица ќе се одржи промоција на монографијата „25 години епископство на монсињор Киро Стојанов“.
На промоцијата ќе се обрати Скопскиот бискуп и Струмичко-скиопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов. Промотори ќе бидат авторите на монографијата протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов и протојереј отец Гоце Костов.