среда, 17 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во Католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица се одржа свечена академија по повод 10 години од основање на парохијата

недела, 5 ноември, 2023 | 09:17
in Вести, Струмица
Во Католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица се одржа свечена академија по повод 10 години од основање на парохијата

Синоќа во парохиската сала „Мајка Тереза“ при парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица се одржа свечена академија по повод јубилејот 10 години од основање на парохијата. На академијата присуствуваше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, свештеници од Струмичко – скопската епархија, сестри Евхаристинки, верници од парохијата, како и пријатели и поддржувачи.

Свеченоста започна со тропар за Раѓањето на Свети Иван Крстител, а свое обраќање имаше протојереј отец Гоце Костов, кој направи краток осврт за развојот на парохијата изразувајќи благодарност на сите оние кои ја поддржуваа парохијата во изминатите години. Беше прикажан краток видео запис за парохијата и промовирана парохиската интернетска страница.

Во своето обраќање епископот Стојанов истакна дека секој јубилеј е можност да се осврнеме на изминатиот период, да погледнеме на радосните и убави моменти, но и на проблемите и предизвиците со кои сме се соочувале и откако сме ги поминале и надминале во нив можеме да ја препознаеме Божјата присутност и поддршка.

„Во оваа прилика сакам да го искажам своето задоволство што оваа зграда, која до основањето на парохијата беше материјална градба, оживеа со присутноста Христова во Светата Евхаристија од каде голем број луѓе црпат сила за својот христијански живот. Па така оваа Црква, сега е и жива заедница, што е и примарна цел при градба на секоја црква“ – кажа монс. Киро Стојанов, потенцирајќи дека секој оној кој влегува во овој свет храм, веќе има дадено свој придонес, можеби е како едно мало камче во мозаикот, но токму со тоа мало нешто ја дава убавината на целата слика.

Епископот Стојанов спомна и дека веќе десет години од оваа парохија се уредува порталот Католици.мк, кој е глас на Црква, редовно пренесувајќи ги настаните и случувањата од Црквата во Македонија и светот, но и можноста говорите на Светиот Отец, посебно неделните обраќање за време на молитвата Ангел Господов и Генералните аудиенции да ги имаме на македонски јазик.

Свеченоста заврши со благослов од епископот Стојанов, разгледување на поставената фото изложба – 10 години парохија „Раѓање на Свети Иван Крстител“ Струмица.

И денеска од 10:30 часот, со света архиерејска Литургија, која ќе ја предводи Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ Струмица ќе го одбележи јубилејот 10 години од основањето на парохијата.

Со декрет на епископот Стојанов од 1 септември 2013 година е основана парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица, додека на 1 ноември 2013 година, по задоволувањето на литургиските потреби, а со благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во парохиската црква е служена првата света Литургија.

ShareTweetShare
Previous Post

Вечерва од „Св. Петнаесет“ се слушаа прекрасни гласови кои воодушевија со нивната интерпретација – се одржа Фестивал на Источно црковно пеење

Next Post

Од утре започнува одржувањето на собирите на граѓаните во урбаните и месните заедници на општина Струмица

Related Posts

Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси
Вести

Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси

вторник, 16 септември, 2025 | 18:47
Приведено 22-годишно момче, нападнал вработена во угостителски објект и ја оштетил влезната врата
Вести

Во Струмица уапсен крадец кој украл пари од каса во продажен објект

вторник, 16 септември, 2025 | 12:53
Два часа прекин на електричната енергија во Индустриска зона Василево
Василево

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково

понеделник, 15 септември, 2025 | 13:56
И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist