Во завршна фаза е целосна рехабилитација за добивање енергетски ефикасен објект на ООУ „Гоце Делчев“ во селото Вељуса, општина Струмица, кој се реализира во рамките на основниот Проект за реконструкција на основни и средни училишта во Македонија.
Целта на овој градежен зафат на училиштето во Вељуса е да се добие употреблива и модерна градба, која истовремено ќе се вклопи во постојниот амбиент со надополнување на просторот.
Согласно договорот за рехабилитација/реконструкција на училиштата за потребите на Министерството за образование и наука, вкупната вредност на работите изнесува над 39 милиони денари.
„Вакви и слични ангажмани во делот на подобрувањето на севкупната функционалност на училиштата во општина Струмица, граѓаните треба да очекуваат и во наредниот период“ – најави градоначалникот Костадин Костадинов при денешната посета на основното училиште во Вељуса.