Во Градската уметничка галерија на струмичкиот плоштад Europe House – Струмица ја постави изложбата „На работ на зборовите“, како дел од серијата активности во рамките на кампањата на Делегацијата на ЕУ „Раѓање на зборот“, посветена на македонскиот јазик и идентитет.
„На работ на зборовите“ во соработка со Галерија „Акантус“ од Скопје ги прикажува моќта и ограничувањата на јазикот преку делата на Славица Јанешилева, Оливер Мусовиќ, Нехат Беќири, Александра Петрушевска Ристовска, Анета Попова и Стефан Младеновски, Уметниците преку различни ликовни техники ја разгледуваат врската меѓу зборовите, јазикот, комуникацијата и општеството.
Програмата беше збогатена и со поезија од делата на Ацо Шопов во изведба на студенти од Катедрата за македонски јазик и книжевност од Филолошки факулет при Универзитет „Гоце Делчев” Штип, под менторство на доц. д-р Ана Витанова Рингачева.
Изложбата ќе биде отворена во Градската уметничка галерија до 23 ноември.