Од денеска во големиот градски парк во Струмица, спроти Домот на АРМ е ставена во функција новата Фитнес зона со осум комбинирани справи за истегнување и влечење, буткање и зајакнување на долни и горни екстремитети, стомачни и грбни мускули, body bуilding справа, за велосипедизам и степер и справа за лица со хендикеп.
Станува збор за проект на Агенцијата за млади и спорт и Општина Струмица, наменет за љубителите на спортот, рекреацијата и фитнес вежбањето.
Градоначалникот Костадин Костадинов и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски го најавија отворањето на оваа рекреативно катче во струмичкиот парк.
Градоначалникот Костадинов ги повика струмиачни да го користат овој простор за спорт и рекреација.
„Со професионалните справи за вежбање, во комбинација со чистиот воздух од градскиот парк, одржувајте го здравјето на телото и духот“ – порача Костадинов.