Вчера, 29-годишен пешак бил прегазен од струмичанец во Битола, при што се здобил со тешки повреди.
„На 19.12.2023 година во 19:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул. „Васко Карангелевски” и ул. „Игњат Атанасовски” во Битола, патничко возило „Мазда” со струмички регистарски ознаки, управувано од 22-годишно момче од Струмица, удрило во Д.Н.(29) од Битола. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола“, информираат од МВР.