Вчера во периодот од 10:00 до 15:00 часот на подрачјето што го покрива Секторот за внатрешни работи – Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
Притоа, биле констатирани 71 пречекорување на брзината, од кои 26 на подрачјето на Струмица, 17 на подрачјето на Радовиш, 15 на подрачјето на Валандово и 13 на подрачјето на Гевгелија, информираат од СВР Струмица.
Во 36 случаи брзината била пречекорена надвор од населено место, а во 35 случаи во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.