СВР Струмица информира дека вчера во 19:00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.А.(39) од Струмица. При преглед на патничко возило „Рено“ со струмички регистерски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.