22-годишна струмичанка од 82-годишно лице побарала пари, добила 100 денари, но откако видела дека носи поголема сума на пари, во договор со друго лице што било се неа, со употреба на физичка сила, од оштетеното лице одзеле 14.000 денари.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Х.(31) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Ф.М.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „разбојништво“, информираат од струмичката полиција.





























