„Унијата на жени ја дава својата поддршка со сериозен ангажман секој ден. Денеска го посетивме штандот во центарот на Струмица каде се сретнавме со граѓаните. Професорката Гордана Силјановска Давкова потенцира дека „Заложбите за правата на жената се заложба за правата на човекот. И политиката е од женски род, со жена Претседател македонските жени ќе бидат поуспешни“, соопштуваат од Општинскиот изборен штаб – Струмица на Гордана Силјановска Давкова.
Од таму додаваат дека активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ, денеска програмата на кандидатот за претседател ја промовираа меѓу земјоделците, продавачи и купувачи на пазарите „Кантон“ и „Чешел“ во Струмица.
„Сретнавме многу сограѓани, многу познаници и пријатели. Се пожалија на цените, на скапиот живот и сите очекуваат, имаат надеж дека наскоро Македонија ќе го подобри својот стандард, а пазарот во сабота ќе го врати својот стар препознатлив шарм“, велат од ОИШ Струмица.
Струмичкиот тим на Гордана Силјановска Давкова беше и меѓу соствениците на мали и семејни бизниси во „Мало стопанство“ во Струмица.