Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, Никола Маџунов со реакција на вчерашната посета на градоначалникот Костадин Костадинов на Социјалната населба во изградба.
Интегрален текст од реакција на Маџунков:
„Новата бетонска социјална населба над Струмица претставува нагрдување на градот и еколошка катастрофа исто толку колку што е и профитерска.
Наместо над Струмица да има пошумување и зелен појас, денес имаме бетонски ѕидови. Тие бетонски ѕидови во иднина ќе го зголемат загадувањето и нечистотијата во градот и ќе предизвикаат уште поголема еколошка катастрофа.
Како се работи на овој проект јасно може да се види од извештаите на Државниот завод за ревизија на Р. Македонија.
Ревизорскиот извештај констатирал дека во фаза 1 од овој проект, склучен е договор бр. 03-6449/4 од 2022 година во вредност од 92.670.000 денари.
Притоа утврдено е дека исплатени се 13.732.000 денари БЕЗ ДА СЕ ПОБАРА од фирмата изведувач ДА СЕ НАВЕДАТ СИТЕ ИЗВЕДЕНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ПО ПОЗИЦИИ СПОРЕД ГРАДЕЖНА КНИГА. Исплатата на овие средства е направена спротивно на член 29 од Закон за градење.
Толку се грижи Костадинов за социјално загрозените граѓани во Струмица.
ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше на еден состанок, за да биде гарант дека нема ниту една фамилија да биде иселена без пред тоа да бидат обезбедени услови во новата социјална населба.
Од срце за Струмица не се работи за 20%. Силата е во народот и промените дојдоа“ – пишува во реакцијата Маџунков.