Кампањата на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова во Струмица вчера продолжи со средби со граѓаните во селата Габрово и во Муртино.
На средбите преку разговори со граѓаните Општинскиот изборен штаб на кандидатката Гордана Силјановска Давкова ги промовира програмските цели и ги најавува промените кои доаѓат.
Општинскиот изборен штаб е задоволен од пречекот и приемот во сите места во кои пристига караванот со активистите. Нашите материјали се доста прифатени, дискусиите со граѓаните се доста квалитетни и исполнети со предлози, идеи и позитивни емоции.
Вечерва, Претседателската кампања на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи средба со граѓаните во Градско Балдовци во 19:30 часот и Дабиле во 20:30 часот.