сабота, 7 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Босилово

Владата ја поништила одлуката за спојување на концесиите за рудникот на „Еуромакс“, прес конференција на министерот Бектеши

среда, 26 јули, 2023 | 13:02
in Босилово, Вести, Ново Село, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Владата на вчерашната седница ја поништила одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот на „Еуромакс“ кај Иловица во општина Босилово, а тоа ќе има правни последици за државата, информираше на денешната прес конференција министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Владата одлучи да престане да важи претходната одлука, а тоа значи дека ние се враќаме таму каде што бевме, не носиме ниту позитивна, ниту негативна одлука. А Министерството за економија инсистира да се носи некаква одлука, а која е подобрата за интерес на граѓаните ќе каже времето и аргументите“, кажа Бектеши.

„Престанок на важење на одлуката ние како институција секако ќе ја примениме и поради колегијалност ќе се обидеме на секаков начин да најдеме правен простор оваа инвестиција да не се случи. Но, ние мислиме дека има побрз пат и суштински пат, а тоа ви го кажував претходно кога ги наведов документите кои треба концесионерот да ги достави во барањето за дозвола за експлоатација. Ако се одбие со акт од страна на институција, утредента Министерството за економија ќе и предложи на Владата целосно да се раскине концесијата. Ние правиме статус кво и прифатливо е за нас како министерство затоа што ние само ќе ги повториме процедурите од претходно. Ние инсистираме да имаме одлука“, образложи министерот за економија.

Бектеши додаде дека концесионерот и после оваа одлука, ќе има право да ја повтори постапката и повторно ќе има ист концесионер кој ќе бара дозвола за експлоатација.

„Нашето министерство мисли дека најдобра опција, повикувајќи се на заштита на животна средина, да се донесе акт каде што се утврдува дека одредена потенцијална инвестиција е спротивно на стандардите за заштита на животна средина. Откако ќе се донесе тој акт, следниот ден Министерството за економија ќе го раскине договорот“.

Владата на 27 јуни гласаше двете концесии да бидат споени – едната концесија за експлоатација на бакар и злато во село Иловица во општина Босилово, а другата исто така на локалитетот Иловица, но која зафаќа дел и во општина Ново Село.

ShareTweetShare
Previous Post

Приведен струмичанец, баран по потерница за издржување на седумгодишна затворска казна

Next Post

Коњаницата од Радово тргна кон славното Крушево

Related Posts

На две градилишта во Струмица откриени 13 турски државјани кои вршеле градежни работи без соодветна работна дозвола
Вести

На две градилишта во Струмица откриени 13 турски државјани кои вршеле градежни работи без соодветна работна дозвола

четврток, 5 јуни, 2025 | 13:27
Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“
Вести

Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“

среда, 4 јуни, 2025 | 23:49
Поради сообраќајка патниот правец Струмица – Радовиш се одвива наизменично
Вести

Во прекин е сообраќајот на патниот правец Струмица – Валандово

среда, 4 јуни, 2025 | 10:08
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Вести

На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

вторник, 3 јуни, 2025 | 19:43
„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани
Вести

„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани

вторник, 3 јуни, 2025 | 11:27
Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Вести

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија

вторник, 3 јуни, 2025 | 08:51

ТОП ВЕСТИ

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“
Младиот Лука Г. Костов вечерва ќе ја промовира својата прва книга „Филигран од мастило“
КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist